12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Десничарска партија во Германија одржа анти-исламски протест

Десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) организираше анти-исламски протест во главниот град Берлин.

Пред почетокот на собирот Беатрикс вон Сторч упати критики до германскиот фудбалер со турско потекло Месут Озил.

29-годишниот фудбалер и ѕвезда на Арсенал е роден во германскиот град Гелзенкирхен каде се доселиле неговите родители од Турција. Озил игра за германскиот национален тим од 2009, а годинава ќе се најде и во поставата на Германија на мундијалот во Русија.

„Озил има германски пасош, но тој не е германец. Тој не може да биде германец, оти не ја пее германската химна и бидејќи се фотографира со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Озил е пример за неуспешна адаптација,“ Сторч изјави за медиумите.

Ердоган се запозна со Озил и неговиот пријател Илкај Гундоган средината на мај во Лондон. Двајцата фудбалери на Ердоган му подарија дресови со своите автограми. Подоцна тие беа фотографирани со претседателот на Турција.

Истиот ден, претседателот на Германската фудбалска федерација Рајнхард Гриндел ја критикуваше средбата, шпекулирајќи дека Ердоган ги експлоатира Озил и Гундоган за својата кампања.

Турција на 24 јуни ќе одржи претседателски и парламентарни избори.

Засебна група од најмалку 20.000 лица протестираше против десничарската партија и извикуваше „Долу, нацисти!“

Спонзорирано: