17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Наставник спречил масакр во училиште во Индијана, бил застрелан три пати

Џејсон Симен, наставник во училиште во Ноблсвил во американската држава Индијана, трипати бил погоден од огнено оружје, додека спречувал ученик да изврши масакр во училницата, така што го соборил напаѓачот на подот.
Неименуван ученик, вооружен со два пиштола, вчера отворил оган и освен наставникот повредил и еден ученик во средното училиште во Индијана, информираат американските медиуми.
Ученикот Итан Стоунбрејкер изјави дека најверојатно ќе имало повеќе ранети, доколку наставникот не го совладал напаѓач, кој го извадил пиштолот за време на тест во класот.
„Нашиот наставник веднаш скокна врз него, го зеде пиштолот и го сруши на подот. Да не беше тој, сигурно ќе имаше уште повредени“ вели Стоунбрејкер.
Властите веруваат дека напаѓачот дејствувал сам, но не дадоа повеќе информации.
Последниве неколку години во САД има се повеќе напади во училишта, пришто животот го загубија голем број деца.