18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку упати жестоко соопштение до ВМРО ДПМНЕ – еве за што се работи

Интегрално го пренесуваме соопштениетп на СДСМ:
Пред да се истрчува во јавноста ВМРО-ДПМНЕ треба да го прочита Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

Со Извештајот, ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, го констатира напредокот во сите области, а најново е дека Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.

Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од Европа и земјите членки на ЕУ. Дека Македонија е на вистинскиот пат не сака да признае единствено ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се погледне во огледало за да го види виновникот за 11 годишното пустошење на државата и оддалечувањето на Македонија од ЕУ и НАТО.

Наместо да навива за неуспех на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за грабежот и ставот, да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред.

Времето на неуспеси за Македонија заврши. Македонија тргна напред и враќање назад нема.
Промените создаваат силни институции, држава во која сите се еднакви пред законот и подобар живот за сите граѓани.

Спонзорирано: