17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Џафери за обвинувањата од Шешељ дека е терорист: Немам потреба да одговарам никому

Немам потреба да одговарам никому, јас не сум тука на повик од политичка партија туку во официјална посета од народниот парламент, изјави Талат Џафери во интервју за српската телевизија Н1 по изјавата на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, дека Џафери е терорист. Шешељ исто така запраша во кое својство е дојден Џафери во Белград и кој всушност го повикал.

„Бев повикан од страна на претседателката на Собранието. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука, а не да се оптоварувам со партијата на Шешељ и неговите изјави“, рече Џафери.

Претседателот на македонското Собрание во интервјуто говореше и за насилниот упад во парламентот на 27 април присетувајќи се дека и при неговиот избор за министер за одбрана, исто така, имало протести, но покрај сè, не се чувствува како контраверзна личност.

„Што се однесува на мојот избор за претседател на Собранието, историјата се повторува со оглед на тоа дека мојот избор за министер за одбрана во 2013 година, исто така, беше проследен со протест. Мојот избор во Собранието секако дека беше легален и легитимен и покрај сите постапки на сегашната опозиција во смисла на попречување на работата на парламентот. Не се сметам за контраверзна личност, јас ги извршувам моите обврски онака како што ми се доверени“, вели Џафери.