21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возачот се спасил – нови детали за експлозијата на автопатот Белград-Загреб

Возачот на шлеперот не е повреден бидејќи успеал да го напушти возилото пред да дојде до експлозијата што попладнево одекна на автоптот Белград-Загреб, пишува „Б92“.

Двете ленти на автопатот се пуштени за сообраќај во двете насоки, по повеќе од еден час застој пришто се создаде колона на возила во должина од 10 километри.

Шлеперот превезувал парфеми во правец кон Белград, но засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Официјалните лица за новинската агенција „Танјуг“ претходно изјавија дека на лице место се излезени пожарникарите и сообраќајната полиција.

Според зборовите на очевидците, по силната експлозија се случиле уште неколку послаби.