6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собраниска комисија во работна посета во седиштето на Управата за Безбедност и Контраразузнавање

Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската Управа и Министерството за одбрана денес реализираше работна посета во седиштето на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За време на работната средба, од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање беше презентирана надлежноста и поставеноста на Управата во безбедносниот систем на Република Македонија, како и целокупниот процес и процедури за спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите за потреби за кривични истраги и за потреби за безбедноста и одбраната. Посебен акцент беше ставен на надлежноста на Одделот за оперативна техника, особено во делот кој се однесува на технички капацитети за следење на комуникации со кои располага Одделот за оперативна техника и внатрешните процедури за постапување по судска наредба. Дополнително, беа објаснети и мерките и активностите кои Управата ги превзема од јули 2017 година до денес, а се во насока на зајакнување на внатрешната контрола врз системот за следење на комуникациите и воспоставување на дополнителните механизми за спречување на злоупотребата.

Интерактивните дискусии и конструктивната атмосфера за време на средбата, беше показател дека од заеднички интерес е зголемување на динамиката на посетите од страна на Комисијата со цел поефикасна контрола на законското спроведување на посебната истражна мерка за следење на комуникациите.

Заеднички беше заклучокот дека во рамки на претстојните реформи во двете институции неопходно е правно регулирање на одредени констатирани недостатоци кои го отежнуваат процесот на контрола и спроведување на меркaта.

Спонзорирано: