15.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германските обвинители сакаат да го екстрадираат поранешниот лидер на Каталонија

Германските обвинители во вторникот соопштија дека подготвуваат апликација за да ѝ го екстрадираат поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон, на Шпанија, врз основа на обвинувањата во врска со неговата улога во кампањата за независност на регионот, пишува „Ројтерс“.

Вишиот регионален суд на северната сојузна држава Шлесвиг-Холстин сè уште нема одлучено за екстрадицијата, но во вторникот соопшти дека не гледа никаква причина за да го притвори Пуџдемон за време на процедурата.

Каталонија одржа референдум за отцепување во октомври минатата година и прогласи независност, но потоа Мадрид судски ги блокираше сите обиди за независност, цитирајќи го шпанскиот Устав и неговите гаранции за неделивоста на Шпанија.

Минатиот месец судот отфрли барање за екстрадиција на Пуџдемон врз основа на неговата улога во кампањата за независност на шпанскиот регион. Сепак, судот се согласи да го ослободи со кауција и соопшти дека неговата екстрадиција на Шпанија би било возможна врз основа на обвинувањето за злоупотреба на јавните средства, додава „Ројтерс“.