Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Нека е честит и вековит Денот на македонскиот јазик

Бојан Маричиќ на социјалните мрежи: Нека е честит и вековит Денот на македонскиот јазик:

Нека е честит и вековит Денот на македонскиот јазик, 5 Мај.

Македонскиот јазик и идентитет се признаени како автентични меѓу европските идентитети.
Доказ за тоа е преговарачката рамка, усвоена од Европската Унија, со која отпочнаа преговорите за нашето членство.

Во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.

Институциите на ЕУ веќе воведоа превод од и на македонски. Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.

Ова е меѓународно признавање на макeдонскиот јазик и доказ дека тој ќе стане официјален јазик на Европската унија на денот на нашето зачленување.

Македонскиот јазик е европски.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК