12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во секој момент ќе биде објавено: Договорот е тука, кое е новото име на Македонија?

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на заедничка средба ќе информираат за деталите од преговорите за името. Премиерот Заев најави дека средбата ќе се одржи во Клубот на пратениците, а според најавите, освен лидерите на партиите, поканет е и претседателот Иванов.

-Ќе дозволите деталите и можноста за нешто прифатливо да ги соопштам прво на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, претседателот на Собранието… Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста, порача Заев од Струга.

Заев не откри повеќе детали за можниот предлог Република Илинденска Македонија.

-Многу опции се разгледуваа, една од опциите може да биде крај на процесот, со комплетно решение кое никогаш повеќе нема да отвора вакви проблематики помеѓу две соседни држави како Република Македонија и Република Грција, рече Заев.

Република Илинденска Македонија неофицијално е предлогот за кој вчера дискутирале двајцата премиери на средбата во Софија, но официјална потврда нема ниту од македонска ниту од грчка страна.

Спонзорирано: