15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„ЕВН Македонија“ демантира дека нејзини работници биле повредени при работа на објект

Од компанијата „ЕВН Македонија“ денеска преку соопштение ги демантираа информациите дека нивни вработени се здобиле со повреди при работа на објект.

Како што претходно беше соопштено, тројца работници се повредиле додека работеле на покрив од објект во изградба на инвеститор од Демир Хисар, при допир на табла од пластифициран лим со 10-киловолтен воздушен далновод.

„По денешните објави кои предизвикаа конфузии во јавноста поради нецелосни информации за повредените и од која фирма се истите, за целосно разјаснување на случајот ве информираме дека повредените работници не се вработени на ‘ЕВН Македонија’ или, пак, вработени во фирма подизведувач ангажирана од ЕВН. Несреќата која се случила на улица 8 Септември по службена должност билa пријавена од страна на вработен во ЕВН“, стои во соопштението на компанијата.

Инаку, двајца од повредените работници во овој инцидент, по укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување во Клиничката болница Битола, а третиот бил пуштен на домашно лекување.

Спонзорирано: