14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кога македонски цариници отвориле куфер на Блаце останале изненадени: Внатре нема што немало

Завчера на граничниот премин „Долно Блаце“; на излез од Македонија, во патничко моторно возило „Шаран“ со македонска национална ознака е пронајдена поголема количина на лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна Гора.

Околу 19,20 часот на излез од Граничниот премин со возилото „Шаран“, се пријавиле пет лица, при што од страна на полициски службеници возилото било селектирано за дополнителни проверки. При проверка на возилото и личниот багаж во три куфери сопственост на А.Х.(53) од Црна Гора била пронајдено поголема количина на лекови: Efridol, Aerus, Lexilium, Diazepam, Trodon, Amoksiklav, Edemip, Xanax, Xenical, Levitra, Rovamicine, Kreon, Viagra, Regnyk, Testosteron и Kenaglog.

За лековите лицето не поседувало никаков документ, а лековите не ги пријавил во царинска контрола за излез од Република Македонија. З.Ј., кој го управувал возилото и А.Х. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде однесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: