11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов терористички напад – многу настрадаа

Во бомбашки напади на три цркви во Индонезија,настрада најмалку десет луѓе, а повредени се поголем број луѓе, соопшти полицијата.

Четириесет и едно лице, меѓу кои и двајца полицајци се наоѓаат во болница поради повредите со кои се здобиле при нападот во Сурабаја, град во источниот дел на островот Јава.

Цел на експлозиите биле католичката црква Санта Марија, индонезиската христијанска црква и Централната црква Пенткост.Во експлозијата во црквата Санта Марија настрадале четворица луѓе, а по двајца во другите две цркви.

Полицијата ги затвори трите локации, додека работат на идентификување на лицата.Не се идентификувани напаѓачите.