10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Најпопуларно женско име во САД е Ема

Четврта генерација по ред најпопуларно име за девојчиња во САД е Ема, покажале податоците на американската служба за социјални прашања кои се однесуваат на минатата година.

Што се однесува до момчињата, Лијам го потисна шампионот Ное на второто место.

Оваа служба секоја година објавува список од 1.000 најпопуларни имиња на бебиња. По името Ема, следат Оливија, Ава, Изабела и Софија.

Кај момчињата, по Лијам и Ное, најпопуларни се Вилијам, Џејмс и Логан. Минатата година имаше повеќе Мелании, најверојатно поради првата дама на САД, Меланија Трамп.

Се помалку популарно е женското име Алекса, кое во 2015 година било на 32-то место, а минатата година паднало на 65-то.

Спонзорирано: