17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Баба во дворот затекнала коњ што внука ѝ го нарачала преку интернет

Возрасна жена од Велика Британија била шокирана кога во дворот затекнала коњ што нејзината 13-годишна внука го нарачала преку интернет.

Друштвото за спречување на суровост кон животните соопштило дека девојчето на интернет видело оглас на кој било наведено дека никој не сакал да го вдоми животното и затоа тоа ќе мора да биде успиено.

Таа ја доставила адресата на нејзината баба, па коњот набрзо бил испорачан во дворот на жената.

Организацијата наведе дека коњот, именуван како Мелвин Ендруз, бил ненахранет и полн со болви. Се додава и дека непознат маж го донел во дворот без да ѝ даде било каков совет на шокираната баба.

Коњот не бил чуван на соодветен начин пред да биде напуштен, а неговиот претходен сопственик не е пронајден.

Во моментов животното се наоѓа во службата за коњи „World Horse Charity“.

Спонзорирано: