11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме, проследено со град: Купови мраз со дебелина од 40 см во Истра и Словенија

Силно невреме проследено со град ги погоди северот на Истра и Словенија, а среде бурата се создале купови мраз со дебелина и до 40 сантиметри.

Обилни врнежи го зафатиле поголемиот дел од тоа подрачје, додека град е забележан на помал дел, пренесе Истрамет.

Невреме го погоди и северозападниот дел на Словенија, поточно подрачјето Јаворја.

Формирани се купови мраз со дебелина помеѓу 20 и 30 сантиметри, пренесоа локалните медиуми.