20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД сакаат Северна Кореја да им стане близок партнер, изјави Помпео

САД целат кон тоа Северна Кореја да стане близок партнер, а не непријател, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Како што рече, САД во минатото честопати прераснува во добар пријател со поранешните противници.

Помпео истакна дека ваквата надеж му ја пренел и на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун за време на кратката посета на Пјонгјанг, претходно неделава, кога беа договорени и деталите за средбата помеѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се случи на 12-ти јуни.

Помпео додаде дека неговите разговори со Ким биле топли, конструктивни и добри.

„Остваривме добар разговор за минатото на двете нации, како и меѓусебните предизвици“, рече Помпео пред новинарите по посетата.

Тој додаде дека и понудил на Северна Кореја економска помош, доколку биде денуклеаризирана.

Спонзорирано: