22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јункер: На Западен Балкан му е потребна европска перспектива

Говирејќи за солидарноста, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер за време на обраќање во Фиренца се осврна на мигрантската криза и интеграциите на Западен Балкан во Европската Унија.

„Во име на солиданрноста ние еден ден ќе им посакаме добредојде на новите партнери и членки на Западен Балкан“, истакна Јункер во рамки на конференција.

Тој додаде дека на овој регион му е потребна европска перспектива, а во спротивно ризикува да се врати на конфликтите.

Претседателот истовремено предупреди на популизам во Европа.

„Популистите и националистите имаа материјал да ги нахранат своите чуства и да ја зголемат дистанцата од другите благодарение на мигрантската криза“, рече Јункер и додаде дека на овој начин постепено се губи солидарноста.

Тој додаде дека е меѓу оние кои отсекогаш верувале дека мора да се препознаат достоинството на италијанскиот и грчкиот народ кои побарале повеќе солидарност во Унијата, за време на бегалскиот бран.

Спонзорирано: