20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ваков потег ретко се гледа: Пратениците сами си ги намалија платите за 20 проценти

Полскиот парламент синоќа изгласа намалување на платите на пратениците за 20 отсто, во време кога конзервативците кои се на власт се погодени од скандал поради високите премии на министрите.

Нацрт-законот, кој опфаќа 460 пратеници во Долниот дом и сенатори, доби 240 гласови од конзервативното мнозинство. Двајца пратеници биле против, а петмина биле воздржани. Опозицијата не учествувала во гласањето.

Мерката минатиот месец ја најави Јарослав Качински, лидерот на партијата на власт Право и правда. Иако официјално е само пратеник, Качински генерално се смета за автор на стратегијата, како и на повеќето политички одлуки на конзервативното мнозинство, кое владее со Полска од есента 2015 година.

„Видовме дека јавноста сака скромност и скромноста ќе стане реалност“, изјави Качински пред новинарите.

Полските медиуми неодамна објавија дека министрите од Право и правда добиле премија од 15 до 19 илјади евра, а скандалот е уште поголем доколку предвид се земе фактот дека конзервативците во текот на изборната кампања ги критикуваа нивните претходници, либералите, за министерски премии кои биле многу пониски. Поранешната премиерка, Беата Шидло, ги одобри премиите во претходната влада со бразложение дека министрите работеле премногу напорна работа.