13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пресврт во случајот со командант Хоџа – еве што објави премиерот Зоран Заев

Џезаир Шакири – Хоџа само неколку дена откако беше поставен за советник на премиерот Зоран Заев се повлекува од оваа функција. Причина за тоа биле бројните реакции во јавноста изминативе денови, откако беше обелоденето дека тој станал дел од советничкиот тим на премиерот.

Заев денеска во Охрид рече дека контактирал со Џезаир Шакири – Хоџа, кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет. „Шакири ми кажа дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и нему му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата“, изјави Заев.

Пред неколку дена Владата информираше дека командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Платата и покрај средното образование на Хоџа му изнесуваше 36 000 денари. Тој на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека го добил работното место за да преживее.

„Не сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам“, напиша Шаќири.

Џезаир Шаќири, кој е познат како командант Хоџа во конфликтот од 2001 година, беше еден од командантите на ОНА. Во конфликтот загинаа 75 припадници на македонските безбедносни сили.