21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата потпиша меморандум со четири стопански комори

Владата и бизнис-заедницата првпат потпишаа меморандум за формално воспоставување јавно приватен дијалог. Од Владата велат дека целта на меморандумот е градење стабилна и плодна соработка помеѓу Владата и бизнис-заедницата, како и зајакнување на дијалоготот меѓу јавниот и приватниот сектор.

Во рамките на потпишувањето воведно обраќање имаше претседателот на Владата, Зоран Заев, кој рече дека јавно приватниот дијалог овозможува структуриран пристап, со учество и инклузивност на главните засегнати страни во креирање на политиките во насока на реформи на владеењето и за реформи на амбиентот за создавање стимулативно деловно опкружување.

„Како Влада што промовира демократско и отворено владеење сметаме дека само енергичен придонес на приватниот сектор во меѓусебниот дијалог, вашето учество во креирањето политики, заложбата кон подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеноста со демократските институции, може да бидат предуслов за добро владеење и одджливи реформски измени“, изјави Заев.

Свое обраќање имаше и директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес, кој истакна дека е зголемен дијалогот меѓу Владата и приватниот сектор во последните месеци.

„Денешниот меморандум е пример за зголемување на дијалогот, станува збор за договор помеѓу Владата на Република Македонија и четирите стопански комори што ја претставуваат бизнис-заедницата. Коморите, поаѓајќи од заедничките интереси во застапување на компаниите, заедно со Владата на Република Македонија, ќе ги градат политиките што ги засега секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија“, истакна директорот на канцеларијата на УСАИД, Гонзалес .

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, рече дека јавно приватниот дијалог е основа за економски напредок и заклучи дека договорот претставува форма преку која трајно ќе се унапреди институционалната соработка со цел развој на националната економија.

По презентацијата на спроведената анкета и истражувањето на четирите стопанските комори, која ги нотира барањата и размислувањата на бизнис-секторот, се отвори дискусија во која претседателите на стопанските комори споделија ставови и размислувања.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, рече дека потпишувањето на меморандумот ја официјализира одличната соработка меѓу Владата на Република Македонија и сите стопански комори.

„На терен сме и ги слушаме потребите на бизнис-секторот. Ако ја раздвижиме економијата, ќе обезбедиме и подобар животен стандард за граѓаните. Водиме инклузивни политики и законите ги носиме преку дијалог со стопанството. Мерките за поддршка на инвестициите произлегоа од потребите на стопанството. Очекувам голем број компании да аплицираат по мерките од планот за економски раст, кој беше донесен во Собранието на Република Македонија, и по чии мерки компаниите веќе може да се пријават“, потенцира вицепремиерот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во своето обраќање порача дека е создаден поволен амбиент заедно Владата и бизнис-секторот да ја зголемат соработката за надминување на состојбите, посебно во делот на успешна имплементација на законските решенија.

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, ја истакна важноста на денешното потпишување на меморандумот за јавно приватен дијалог како важен чин на официјализирање на партнерството помеѓу Владата и бизнис-секторот за надминување на предизвиците.

Драган Чепујноски од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ порача дека многу е важно сите фактори да бидат вклучени во подобрување на климата за економска соработка и во креирањето функционална, ефикасна и ефективна законска рамка.

Спонзорирано: