18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокати од ЕУ пред Заев ги споделиле своите искуства со прекугранични проекти и спорови

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска оствари средба со претставници на реномираната адвокатска групација ЦМС со седиште во Брисел, претставена преку извршниот директор Корнелиус Бренди и Мајкл Бауер и Марта Вејсели од канцеларијата за европско право.

Владината прес-служба соопшти дека претставниците на европската адвокатска компанија со премиерот разговарале за нивното правно искуство во локални и прекугранични проекти и спорови, кои ги остваруваат преку својата мрежа од речиси 5.000 адвокати и правници.

Заев, оценувајќи дека Македонија треба да ги искористи моментот и реалната шанса што сега ја има за исполнување на стратешката цел – почеток на преговорите и зачленување во Европската Унија, истакна дека секоја правна помош кон европскиот пат е добредојдена, соопшти Владата.

На средбата станало збор и за предизвиците што ги имаат домашните и странските компании и инвеститорите како на локалниот така и на европските пазари на капиталот заклучувајќи дека експертизите на големите организации може многу да помогнат во разни индустриски и други сектори.

Спонзорирано: