10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Укината една од најлошите одлуки на Владата на Груевски – Од понеделник граѓаните без ограничување ќе може да го прават ова

Злоупотреба на алкохолот е прашање на воспитување што треба да се заврши дома и во училиште, велат дел од граѓаните по укинувањето на ограничувањето на продажбата на алкохол. Упaтените сметаат дека општеството преку институциите треба да укажува на последиците од злоупотреба на алкохолот.

Владините измените во Законот за трговија со кои се укинува ограничување на времето на продажба на алкохол можеби ќе ја зголемат продажбата на алкохол, но одлуката нема да би биде контрапродуктивна во однос на злоупотребата на алкохолот.

Ова се дел од комeнтарите на граѓаните откако границата од 19 часот навечер или 21 часот во лето до кога можеше во продавница да се купи алкохолен пијалок со измените на законот повторно се поместува на неограничено време. Додека многу граѓани во Мaкедонија се бунеа кога беше донесена рестриктивната одредба во 2008 година, сега повторно во јавност има и поделени реакции и незадоволство. Дел од граѓаните коментираат дека владините измени носат повисока толеранција за граѓаните кои сакаат да купат алкохол, додека други сметаат дека претходната забрана ги поттикнувала младите луѓе илегално да купуваат алкохол.

Извор: Радио Слободна Европа

Спонзорирано: