8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај: Забраната за влез на косовските каратисти во Србија е страшен чин

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја оцени како неприфатлива и страшна одлуката на Србија за забрана на раководството на Косовскиот карате-сојуз и косовските каратисти да влезат во земјата за да учествуваат на Европското првенство во карате од 10 до 13 мај во Нови Сад.

„Одлуката е неприфатлива, без преседан и страшен чин кој не придонесува за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина“, рече Харадинај.

Косовската делегација беше запрена на границата од страна на полицијата, која ги информирала дека одлуката на српското Министерство за внатрешни работи е забрана за влез во Србија по што косовските каратисти се вратиле во Приштина. По настанот, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија не ја прекршила спогодбата од Брисел, туку ја почитува целосно, но испраќањето екипа со косовски државни симболи е класична политичка провокација.

„Косово може да учествува на првенството само со знамето на Меѓународната карате-федерација бидејќи така беше договорено пред еден месец, истакна Брнабиќ.

Спонзорирано: