8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: САД ќе изгубат поради одлуката за нуклерниот договор со Иран

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека САД ќе бидат губитници поради одлуката да го напуштат нуклеарниот договор со Иран.

Турскиот претседател посочи дека Вашингтон не остана доследен на постигнатиот договор.

„Тоа не е начинот на кој дејствуваат меѓународните механизми, тие не можат да бидат поништени поради нечија желба“, рече Ердоган.

Вчера, Трамп, и покрај притисокот од сојузниците, донесе одлука САД да се повлечат од нуклеарниот договор што го постигнаа светските сили со Иран пред три години.

Спонзорирано: