9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џејмс Матис објасни зошто Трамп ја напуштил нуклеарната спогодба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја напушти нуклеарната спогодба со Иран бидејќи не може да потврди дека Иран го почитува договорот. Oва го изјави министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, пред американскиот Сенат.

„Верувам дека ова се случи бидејќи претседателот не можеше да потврди дека се спроведува договорот“, рече Матис.

Тој додаде дека одлуката не била избрзана и оти сега САД ќе се фокусираат на работата со сојузниците со цел да го притиснат Иран да престане со активностите во регионот на Блискиот Исток, конкретно со развојот на балистичките ракети и поддршката за тероризмот.

Трамп вчера го исполни предизборното ветување за повлекување на САД од договорот склучен пред три години, а според кој меѓународната заедница требаше да ги укине санкциите во замена за прекин на иранската нуклеарна програма.

Спонзорирано: