17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев и Груевски на судења за „Поткуп“ и „Титаник“

Со разлика од половина час премиерот Зоран Заев и експремиерот Никола Груевски како обвинети треба да се појават на судењата за предметите „Поткуп“ и „Титаник“ во кривичниот суд во Скопје.

Во случајот „Поткуп“ во судницата треба да биде пуштена видеоснимката со прекини од кабинетот на Зоран Заев како градоначалник, којашто беше објавена на „Јутјуб“. Судењето финишира и е пред донесување пресуда.

Предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство никако да почне со воведни говори и главната расправа, затоа што судот го чекаше решението на Врховниот суд за изземањето на судиите кои треба да им судат на Груевски и останатите 20 обвинети за изборни измами. Ним ќе им судат судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, бидејќи врховните судии не им ги прифатија приговорите на обвинетите.

Спонзорирано: