12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Најдолгото поморско патување со крузер трае 245 дена

Доколку се одлучите да бидете дел од одисејата којa почнува на Гринич во август и завршува во мај 2019 година, треба да знаете дека тоа задоволство ќе ве чини најмалку 76 079 евра. Пловидбата околу светот во траење од 245 дена вклучува 113 застанувања и посета на 59 земји на сите континенти освен Јужниот Пол.

Крузерот на луксузната норвешка компанија Viking Sun ќе собере 930 патници по што од Ирска и Норвешка, преку Атлантскиот Океан ќе се упати кон Гренланд.

Патниците на бродот ќе бидат во можност да слушаат класична музика во живо, да присуствуваат на предавања за историјата и уметноста и да уживаат во часови по готвење.

На расплагање ќе имаат и два базена и термална бања. Патувањето вклучува и минување низ Суецкиот Канал на пат кон Медитеранот, а бродот ќе ги посети и бреговите на Шпанија и Португалија, од каде што ќе отплови назад кон Велика Британија.

Инаку, ова е трето вакво патување во организација на компанијата Viking Sun.

Спонзорирано: