9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црногорска новинарка која пишувала за шверц со цигари застрелана во нога

Новинарката на подгоричкиот весник „Вјести“ Оливера Лакиќ синоќа била застрелана во нога, на истото место каде што пред шест години била брутално претепана, пренесуваат црногорските медиуми. Главниот и одговорен уредник на весникот, Михајло Јововиќ, нагласил дека ниту еден напад над Лакиќ не бил решен.

„До кога ќе се случува ова во нашата прекрасна Црна Гора? Многу текстови кои таа ги напиша, а кои укажуваат на криминал, воопшто не се истражени. До кога ќе стравуваме од вакви кукавици?“ изјавил Јововиќ.

Новинарката била ранета во ногата пред зградата во која живее во Подгорица, на истото место каде што била претепана пред шест години.

Таа во последните месеци, како и претходно, пишувала за шверц со цигари и за вмешаните во криминалот. Главниот специјален обвинител во 2015 година изјавил дека доказите за фабриката за тутун во Мојковац најверојатно емигрирале и се изгубени трајно, но дека обвинителството и натаму го води тој случај, а од неодамна е покрената нова истрага за шверц со тутун.

Спонзорирано: