8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Столтенберг: Вратата на НАТО останува отворена и за Македонија

Вратата на НАТО останува отворена за нови членки, како што беше случај лани со Црна Гора, а оваа година на самитот ќе се разгледаат кандидатурите на Босна и Херцеговина, на Грузија, но и на Македонија.

„Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, да се обидат да најдат решение за прашањето за името. Го посетив Скопје пред неколку месеци, исто така разговарав со премерот Ципрас по мојата посета и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите за изнаоѓање решение на ова многу тешко и чувствително прашање. Но, ако прашањето за името се реши, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.