8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Финската писателка Сала Симука пристигна во Македонија

Познатата современа финска писателка Сала Симука, авторка на бестселерите за млади „Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“, вчера пристигна во Скопје и ќе учествува на промоцијата на овие нејзини романи објавени на македонски јазик.

Средбите со читателите, посетителите на саемот на книгите и новинарите ќе биде од 16 часот, на штандот на издавачот на делата „Бата прес“, а официјалната промоција во Промотивниот центар на саемот во Вип-арената „Борис Трајковски“ е закажана за 18 часот.

Најпознатите дела на Сала Симука се психолошки, крими трилери во кои главниот лик – младата тинејџерка Лумики Андерсон, без да сака, запаѓа во безброј драматични и опасни ситуации кои сведочат за урбаната и забрзана динамика на живеење во нашето време. Романите на фински се објавени во трилогијата „Снежана“, односно авторката инспирација црпела и од бајките за Снежана, според кои ги дала насловите на книгите. Делата на Сала Симука се преведени во 52 држави во светот и се светски бестселер, што сведочи дека добрата книга не познава граници, мали и големи јазици или држави.