21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Порно актерката му порача на Трамп: „Љубов, доаѓа невреме!“

Порно актерката Сторми Даниелс се појави во забавна емисија и му порача на американскиот претседател Доналд Трамп: „ Љубов, доаѓа невреме“.

Даиелс, која тврди дека со Трамп имала сексуална афера во 2006 година и дека еден месец пред неговиот избор за претседател ѝ било платено 130.000 долари да не зборува за аферата, го предупредила претседателот во емисијата „Сабота навечер во живо“ во која Трамп го глуми Алек Болдвин.

Кога Болдвин, како лажен Трамп, ја прашал, што треба да направи да престане сето тоа, таа одговорила – „Оставка ( на претседателот на САД)“.

Порно актерката, чие вистинско име е Стефани Клифорд, поднесе тужба за клевета против Трамп и неговиот адвокат Мајкл Коен, кој ѝ дал 130.000 долари во 2016 година, пред претседателските избори во САД. Трамп негира дека бил со Сторми и тврди дека не знаел за договорот со кој таа се обврзала дека ќе молчи.