23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во тага: 5 загинати

На 06.05.2018 година околу 16,30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен кај место викано “Рибник“ кај с.Крушје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од М.Р.(67) од Битола, патничко моторно возило „Ауди А4“ со битолски регистерски таблици управувано од С.Н. (34) од с.Вашарејва и патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т.(27) од с.Лескоец-охридско. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале возачот М.Р. и сопатничката во неговото возило М.Р.(65) од Битола, како и Д.С.(59) и Ц.С.(53) од с.Трновци, двајцата сопатници во патничкото возило “Ауди“. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Ресен, додека возачот на “аудито“ С.Н била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидни екипи од Полициската станица Ресен и Полициската станица Битола. Телата на починатите биле пренесени во Клиничката Болница во Битола за обдукција. Сообраќајот бил во прекин од 17.00 до 20.30 часот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 06.05.2018 година околу 17,25 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај асфалтната база „Прогрес 98“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со гостиварски регистерски таблици управувано од С.П.(32) од Гостивар и патничко моторно возило „Опел Астра“ со дебарски регистерски таблици управувано од Џ.А.(21) од Дебар. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал возачот С.П. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гостивар. Со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар во Гостивар биле пренесени возачот Џ.А. и сопатниците од двете возила М.М.(24), Љ.П.(25) и тригодишно дете. По укажаната лекарска помош кај Џ.А. и М.М. констатирани биле тешки телесни повреди и биле препратени во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување, а додека кај Љ.П. и кај детето констатирани биле телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Телото на починатиот било пренесено во Медицинскиот центар во Гостивар за обдукција. Сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: