18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: МВР никогаш повеќе да не биде злоупотребено за политички цели

Полицијата и МВР никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели заради оддржување на поединци на власт, рече премиерот Заев на градскиот стадион во Штип, каде присуствуваше во рамки на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција.

„После сите премрежја и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи, денеска можам слободно да кажам дека успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба – да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време пријател и заштитник на граѓаните“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање .

Тој ги повика полициските службеници да продолжат да ја вршат својата одговорна работа согласно Законите и Уставот на земјата.

„Вие сте првоповиканите, првите кои сте изложени на ризик кога треба да се брани државата и безбедноста на граѓаните. И да знаете, вашата одговорност е препознаена и признаена, тоа граѓаните го ценат и почитуваат! Вашите заслуги имаат одлучувачка улога за сегашноста и иднината на многу генерации. Од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име сакам да ви го честитам денот и да ви изразам голема благодарност за вашата посветеност и пожртвуваност при вршењето на вашите должности и работни обврски“, рече премиерот.

Заев додаде дека негова цел е полициските и безбедносните служби да ги достигнат западноевропските и професионалните.

Спонзорирано: