10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почнал да вика “Југославија”: Потоа извадил пиштол и пукал сред полн ресторан

66 годишен маж приредил хорор во петокот во ресторан во Загреб.

Имено гостинот почнал на цел глас да вика “Југославија”, а потоа го извадил пиштолот и почнал да пука.

Целата ситуацијата се одвивала среде бел ден кога имало многу гости, во периодот од 14 часот и 30 минути.

Инаку ресторанот “Стара школа”,според хрватските медиуми припаѓа на директорот на Комунална хигиена.

За среќа, шанкерката останала присебна и викнала полиција, која го привела брзо човекот. Во инцидентот нема повредени.

 

Спонзорирано: