7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали: Познат идентитетот на загинатите во страшната сообраќајка близу Ресен

Во тешката сообраќајка која што попладнево во 16 часот и 30 минути се случила на патот Ресен – Охрид, кај ресенското село крушје починаа четири лица.

Според неофицијални сознанија на СКАЈ, во автомобилот мерцедес со битолски таблички загинале М.Р. (1953) и М.Р. (1951).

Во другиот автомобил исто така со битолски таблички загинале Ц.С. (1965) и Д.С: (1959) од Могила.

Во несреќата учествувало уште едно возило со охридски таблички, но засега нема информации за состојбата за останатите учесници во незапамтената трагична сообраќајка која што се случи на овој патен правец.

фото илустрација