14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ново судење за предметот „ТНТ“ за уривање на комплексот „Космос“

Судењето за предметот „ТНТ“ на специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски продолжува денеска во кривичниот суд. Сите седуммина обвинети, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, се изјаснија како невини.

Врховниот суд минатата недела донесе одлука да не ги изземе судиите во „ТНТ“, како што бараше одбраната.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски. Цаноски, пак, и претставник на фирмата ФИМЕТ, најави дека ќе поднесе побарувања за причинетата штета. Апелациониот суд лани одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да може да се користат како докази во судската постапка.

Спонзорирано: