14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Хаос на автопат: Вреќи полни со пари паѓаа од камион (Видео)

Околу 600.000 долари испаднале од камион на компанијата Бринкс на автопат во Индианополис во четвртокот наутро околу 9 часот по локално време, објави полицијата и побара луѓето кои собирале пари да ги вратат, инаку ќе бидат обвинети за кражба.

Не е јасно како задната врата на оклопното возило се отворила. Некои возачи на државниот автопат запреле како би собрале што е можно повеќе пари. На интернет е објавена и снимка од инцидентот.

„Вреќи полни пари паѓаа од камион на патот“, изјавил полициски службеник за Фокс Њуз.

„Беше како сцена од филм, пари летаа по автопатот, возилата запираа, луѓето излагуваа од автомобилите“.