16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким до кинескиот шеф на дипломатијата: Одлучни за денуклеаризација

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му порачал на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, за време на неговата посета на Пјонгјанг, дека Северна Кореја е одлучна во поглед на денуклеаризација на Корејскиот полуостров, соопшти кинеското министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Како што се наведува, Ванг Ји му порачал на Ким дека Кина поддржува завршување на воената состојба на Корејскиот полуостров и насочување на Северна Кореја кон изградба на економија.

„Кина сака да продолжи да игра позитивна улога во обид за пронаоѓање на политичко решение за Корејскиот полуостров“ рекол Ванг.

Во пресрет на посетата, одделни јужнокорејските аналитичари го истражувале верувањето дека Ванг ќе бара од Ким ветување дека Пекинг ќе бид вклучен во заврѓувањеа корејската војна.

Ванг стигна во Пјонгјанг само неколку дена по средбата меѓу Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин.

Спонзорирано: