4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев до новинарите: Работете посветено и одговорно, ослободени од какви било притисоци

Демократија и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот и на медиумите. Република Македонија е демократска земја, во која владее правото и во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјава треба да работат ослободени од какви било притисоци, да ги информираат граѓаните навремено, точно и без цензура. Токму затоа, 3 мај го одбележуваме како Светскиот ден на медиумска слобода. Ден кога се слават фундаменталните принципи на новинарската професија, но и ден кој служи како потсетник никогаш да не ја загубиме оваа слобода. Ден во кој се сеќаваме и на сите новинари кои го загубиле својот живот во процесот на нивната работа борејќи се вистината да излезе на виделина, порача премиерот Зоран Заев.

Според него, цела деценија во земјава новинарите беа злоупотребувани, напаѓани, цензурирани и спречувани во својата работа. „Беше потисната основната медиумска слобода. Оваа состојба беше и причина за неинформираноста на голем дел од нашите граѓани со што директно беа загрозени основните темели на нашата демократија. Ние како отворена, транспарентна и демократска влада целосно ја почитуваме слободата на медиумите и укажуваме на важноста медиумите да работат пред сè за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата, а не за нечии лични интереси. На сите новинари во земјава им го честитам овој ден и ве поттикнувам да работите посветено и одговорно. Да ја надградуваме нашата демократија и да ги почитуваме фундаменталните човекови слободи и заедно да можеме достоинствено да кажеме дека сме модерна европска демократска држава“, порача Заев.