14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев открива детали: Што ќе се случи ако не се реши спорот за името?

Претседателот на Владата, Зоран Заев, истакна дека Македонија има план Б доколку не се реши спорот за името, но верува дека ќе се изнајде решение.

„Секако, дека имаме план Б. Работиме на реформите, иако знаеме дека и политичкото, отворено прашање треба да го решиме. Гледате дека сме посветени на економијата затоа што бруто домашниот производ, капиталните инвестиции, привлекувањето домашни и странски инвестиции се нешто што живот значи. Ако, некако и понатаму бидеме блокирани, пред НАТО и пред ЕУ, јас се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да се случи, но еве, ако се случи, ние ќе мора Европа да ја донесеме овде. Доколу не постоеја Европската Унија и НАТО, што ќе правевме денеска? Реформи. Ќе го унапредувавме системот, заради тоа што мораме да обезбедиме квалитет на животот на граѓаните“, рече Заев.

Сепак, како што додаде, проблемот со ЕУ и НАТО ја чини Македонија скапо бидејќи голем број млади луѓе ја напуштаат државата. Заев вели постојат алтернативи, но не и за НАТО и ЕУ, па клучен е процесот на преговарање.

„Кога веќе направиме вакви големи чекори, јас сум убеден дека можеме да го завршиме тоа и затоа многу малку зборуваме за план Б. Македонија се движи во паралелни ленти, во зависност од тоа што е интерес на граѓаните. Оваа влада е избрана да го унапреди квалитетот на животот на граѓаните, тоа го работиме. Осумдесет проценти од времето е посветено на економија, на реформите, на она што значи транспарентност, подобрување и севкупно работење на Владата“, рече Заев.

Спонзорирано: