18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Трамп му се подготвува судски налог?

Специјалниот советник Роберт Милер, кој ја предводи истрагата за можното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, предупреди дека на американскиот претседател Доналд Трамп би можело да му биде испратен судски налог, за да се појави пред високата судска порота во рамки на истрагата, соопшти личниот адвокат на Трамп, Џон Дауд.

Милер го предложи овој потег уште во март, за време на разговорите со правниците на Трамп. Тој рече дека налогот ќе го принуди претседателот да се соочи со истражителите, објави Вашингтон пост.

Ова е прв пат специјалниот совет да ја покрене можноста за принудување на Трамп да сведочи.

Засега не е јасно колку е реална можноста да му се врачи судска покана на Трамп, ниту е познато поради што точно би бил повикан да сведочи под заклетва.

Дури и да му биде упатена судска покана, Трамп би можел да се жали на судот или да одбие да одговара на прашања, што му го овозможува Петиот амандман од амеирканскиот Устав, односно заштита од самоинкриминисање, наведуваат американските медиуми.

Протекла и листа на можни прашања за претседателот, која Трамп ја нарекол срамна. „Њујорка тајмс“ објавил околу 50 можни прашања за Трамп. Според весникот, на Трамп би му биле поставени прашања за тоа кои мотиви стојат зад отпуштањето на директорот на ФБИ, Џејмс Коми, како и какви контакти имала неговата кампања со Русија.