11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силен удар за извршителите: Што најавува премиерот Зоран Заев!?

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи по секојдневните барања на граѓаните да се сопре финанскиот удар врз граѓаните од страна на извршителите.

На прашањето: Дали се реални барањата за одблокирање на сметките на 50 илјади граѓани и што може да се направи со извршителите?, премиерот Зоран Заев рече:

Јас се сметам и себеси за работник, веројатно и вие, медиумските работници. Синдикатите се на крајот заштитници на нашите работнички права, јас ги поддржувам генерално сите овие заложби на синдикалните организации во Република Македонија и согласно можностите коишто постојат во Владата, согласно перформансите и капацитетите на нашата економија, јас верувам дека се остварливи права и треба да работиме посветено на нив, преку дијалог, веројатно ќе има и критики, ќе има и незгодни работи но не треба да се откажуваме да работиме за тие права.

Квалитетот на животот не се само примањата, туку и она што претставува преокупација на огромен број наши семејства, работници во државата, а тоа е проблемот со извршителите односно со извршните трошоци кои ги имаат граѓаните.

Формирана е работна група, задолжен е потпретседателот на Владата – Оливер Спасовски да ја координира, кадешто учествуваат министерствата за правда, финансии, труд и социјална политика и други ресори. Целта е преку изменување на законите за извршување, за нотаријатите и други законски решенија, севкупните трошоци во таа структура – да ги намалиме.

И работиме интензивно. Јас верувам дека ќе успееме, со тоа што секој треба да се откаже од нешто, на крајот, постоиме заради граѓаните, а извршителите и нотарите работат на јавни овластувања, и треба да знаеме преку тие јавни овластувања, треба да имаме чувство за аспектот на социјалната состојба на нашето население, на нашите граѓани.

Јас верувам дека преку намалувањето на тарифите, односно на тие вкупно 42 тарифи во извршителските служби на некои 10тина, ќе придонесат за тоа. Преку отстранувањето на дополнителните адвокатски трошоци за комуналните услуги за вода, смет, телефонија, струја и слично, туку самите служби да можат да ги наплатуваат побарувањта ќе можеме да ги намалиме и тие трошоци. Ќе се откажат од нешто и нотаријатите и државата ќе се откаже од еден дел од своите приходи, па така ќе паднат севкупните трошоци, и тоа ќе важи од донесувањето на овие закони, па натаму.
Но, голем дел од нашите граѓани имаат проблеми, дури и за долгови од 2003-та година, 2007-ма година со огромни камати.

Власта и опозицијата претставена преку неколку пратеници, отворија една иницијатива, преку вакво законско решение за отпишување на каматите за струја за десетици илјадници наши граѓани.

Утре имаме прв работен состанок со тие пратеници заедно со институциите во државата и нивните претставници, ќе се обидеме заедно да помогнеме, преку откажување од каматите на соодветни институции вклучително и приватни и со државна интервенција да помогнеме на граѓаните и во овој дел.

Убаво што на празников ги даваме и овие одговори за да допрат до огромен процент на наши сограѓани кои мака мачат како да излезат од овој маѓепсан круг на постојано блокирање на сметките, на неможноста никогаш да се исплатат овие извршителски долгови и трошоци коишто постојат и со тоа не добиваат никаква фер шанса за да го креираат и планираат својот живот. Јас сум убеден дека можеме да успееме. Навистина ми е значајна флексибилноста на Министерството за финансии и на економските ресори коишто постојат во државата и социјалните аспекти во областа на трудот и убеден сум дека доколку посветено работиме, можеме да изнајдеме решение за ваквите горливи проблеми.

Спонзорирано: