6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Силно невреме ја погоди светската метропола: Без струја останаа 100 илјади домови, има и жртви

Силното невреме кое во текот на викендот ја зафати аргентинската престолнина, Буенос Аирес, одзеде два човечки живота и предизвика хаос во градот и неговата околина, оставајќи десетици илјади домаќинства без електрична енергија.

Струја убила 42-годишен маж и неговиот 17-годишен син во округот Трез де Фебреро на периферијата од главниот град на Аргентина, потврди градоначалникот Диего Валенцуела за локалната телевизија „TN Noticias“.

Невремето во текот на ноќта меѓу сабота и недела предизвикало хаос во градот и околината, а локалните медиуми објавија дека повеќе од 100.000 луѓе останале без струја.

Во Ел Паломар, северозападно од Буенос Аирес, од силниот ветер се урнал покрив на училиште, додека екстремните временски услови во соседниот град Ла Плата предизвикале бројни тешкотии за населението.

Спонзорирано: