11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стотина мигранти се заглавени на границата меѓу Мексико и САД

По едномесечното патување низ Мексико, караванот со повеќе од стотина мигранти од Централна Америка пристигна до американската граница, каде треба да одлучат дали илегално ќе преминат во САД, ќе побараат азил на границата или ќе останат во Мексико. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека караванот од мигранти е закана за безбедноста на САД.

Американските погранични власти наведуваат дека некои луѓе се фатени како илегално се обидуваат да се провлечат преку оградата на границата и ги охрабруваат останатите да им се предадат на властите, пренесува Ројтерс.

„Ние сме многу гостопримлива земја, исто како и вашата куќа, очекуваме сите да влезете на главната врата и искрено да одговорите на прашањата“ изјавил началникот на патролата во Сан Диего, Родни Скот.

Поголем дел од групата, околу 400 патници, кои изминатите денови со автобуси стигнале во пограничниот мексикански град Тихуана, рекле дека сакаат легално да побараат азил во Сан Диего. Многумина стравуваат дека ќе бидат разделени од членовите на своите семејства.

Адвокати од хуманитарните организации пружаат советодавна помош на мигрантите и им кажуваат кои од нив имаат шанса да добијат азил во САД, додека останатите ги советуваат да останат во Мексико.

Мигранти од Хондурас, Гватемала и Салвадор се на пат долг 3.200 километри, на кој тргнаа крајот на март, наспроти предупредувањата на претеседателот на САД, Доналд Трамп.

Спонзорирано: