17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илјадници граѓани на улиците на Памплона бараат правда за силуваната девојка

Десетици илјади граѓани протестираа и синоќа, трет ден по ред во шпанскиот град Памплона поради судската пресуда со која петмина жители на Севиња беа ослободени од обвинувањето за групно силување. Според проценките на полицијата, на протестот имало околу 35.000 луѓе.
Петмината насилници беа осудени во четвртокот на девет години затвор поради сексуална злоупотреба, но не и за силување на 18-годишна девојка од Мадрид за време на одржувањето на фестивалот во Памплона летото во 2016 година. Ваквата пресуда предизвика бурни реакции и серија протести во државата.
Шпанската влада планира да покрене дебата за можни реформи на судскиот систем. Над 1,2 милиони луѓе за само два дена се потпишале на петицијата до Врховниот суд на Шпанија со која се бара дисквалификација на судиите кои ги ослободиле петмината од обвинението за силување.
Спонзорирано: