11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Експлозија во позната македонска фирма – се јавува за повредени

На 28.04.2018 година во 10,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.С. пријавил дека во населбата Керамидница на ул.„516“, во погон на фирмата „Виталија“, настанала експлозија на машина – печка на гас, при што имало повредени лица кои работеле во погонот. Повредени биле М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од с.Агино село-кумановско кои се здобиле со телесни повреди.

Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес. Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.-

Спонзорирано: