25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Што се случува кога ќе умреме? Човекот кој два пати заминал од овој свет го раскажа ОВА

Што се случува по смртта никој не знае. Смртта и онака е термин кој го измислиле луѓето. За некои тоа значи нов почеток, а за некои крај.
Корисник на Реддит кој наводно бил мртов два пати по две минути во два различни случаи, еднаш кога настрадал во сообраќајка, а вторпат кога по операција се предозирал со лекови против болки, одлучил да раскаже како тој ја доживеал смртта.
– Беше тоа само црна празнина. Без мисли, светлина, ништо. Двата пати едноставно не бев таму. Тоа е она чувство кога ќе задремеш. Кратка дремка без сон, а кога ќе се разбудиш имаш чувство дека долго си спиел, а поминале само 15 минути. Знам дека бев мртов откако лекарите ја споделија информацијата со мене. Да не ми кажеа ништо, ќе мислев дека сум заспал. Понатаму, почувствував нешто, а тоа нешто беше ништо. Во двата случаи го доживеав истото, рекол мажот кој два пати умрел.
– Сега дефинитивно помалку се плашам од смртта. Знам дека не е ништо пострашно од спиење. Кога умираш, само престануваш да постоиш, ништо загрижувачки! Секогаш бев атеист, но дел од мене секогаш се надеваше дека постои Бог и рај или нешто поголемо од нас. Мислам, кој не би сакал рај да постои, рекол тој и додал:
– И уште сум атеист, но сега знам дека не постои ниту Бог ниту рај. Барем не за мене, рекол тој.
Спонзорирано: