10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Масовна петиција против судиите кои не изрекоа казна за групно силување

Над 1,2 милиони луѓе за два дена ја потпишаа петицијата упатена до Врховниот суд на Шпанија во која се бара дисквалификација на судиите кои ослободија петмина од обвинението за силување и ги осудија на казна затвор за сексуална злоупотреба на една девојка.
Весникот „Ел Мундо“ на насловната страница ја пренесува загриженоста на судиите поради „претераните реакции“ на пресудата која што во четвртокот ја донесе судот во Памплона.
Петмина жители на Севиља, на возраст од 27 до 29 години се осудени на девет години затвор поради сексуална злоупотреба на 18 годишна девојка од Мадрид за време на прославата на празникот на Памплона во летото 2016 година. Судиите меѓутоа не ги осудиле за силување, за што според шпанските закони треба да постојат предуслови како „застрашување“ или „насилство“.
Против ваквата одлука на судиите е покрената петиција од страна на 38-годишна жителка на Шпанија, која бара дисквалификување на судиите, кои „сметале дека за да постои сексуален напад не е доволно петмина мажи да нападнат ранлива и пијана девојка, да и го украдат телефонот и да ја остават“.
Обвинителството од регионот Навара најави жалба на пресудата. Конзервативната шпанска влада на Маријан Рахој најави дека ќе ја разгледа можноста за реформа на кривичниот законик.
Спонзорирано: