8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тројца стружани обивале маркети и краделе возила во Охрид

Тројца стружани обивале маркети и краделе возила во Охрид. Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(26), С.О.(27) од Струга за четири тешки кражби, три обиди за тешки кражби, една кражба и за одземање на моторно возило.

Пријава е поднесена и против И.П.(24) од село Велешта, Струшко, за одземање моторно возило. Во период од 8 март до 11 април на подрачје на Охрид, прво и второпријавениот извршиле тешки кражби во куќи и маркети така што со подесен алат и употреба на физичка сила, насилно ги отворале вратите и одземале парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист околу 130.000 денари.

На 11 март во Охрид во куќа на улица Момчило Јорданоски извршиле кражба, при што одзеле разни предмети и клуч од возило, по што го одзеле и возилото со што се стекнале со противправна имотна корист околу 307.000 денари.