5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Свадбари се затруле со храна во ресторан во Штип

Свадбари се затруле со храна во ресторан во Штип. Станува збор за 16 лица од Штип, меѓу кои и едно дете, кои се хоспитализирани на инфективното одделение во штипската Клиничка болница, откако се затруле од храна. Станува збор за лица кои биле на три различни свадби, но во истиот угостителски објект. Инспекторатот извршил увид, земени се мостри за анализа, извршена е дезинфенција на ресторанот, а фирмата од Кочани којашто ги снабдувала со храна е затворена.

Во неделата на инфективното одделение се јавиле неколку пациенти со симптоми на повраќање, проливи, изнемоштеност, грчеви во стомакот, а истите се задржани во болницата. Наредните денови, исто така, три до четири пациенти се јавувале на инфективното одделение со истите симптоми. До вчера нивниот број изнесува 16 пациенти, меѓу нив е и едно дете со истите симптоми, и тоа е задржано на одделението.

Државниот санитарен и здравствен инспектор од Штип откако бил од штипската болница утврдил дека повеќемина се затруле со храна во периодот од 21 и 22 април на свадбена веселба во ресторанот „Прециз“ во Штип, а пред два дена извршил вонреден инспекциски надзор во ресторанот и зел примероци за анализа од епидемиолошката служба.

Како што се наведува во соопштението, наложена е вонредна дезинфекција на сите простории на објектот, како и вонреден санитарен преглед на дел од вработените, а по добивањето резултати од анализата на земениот материјал можно е да бидат наложени и дополнителни мерки.

„Со оглед на фактот дека сомнителната храна причинител на заболувањето е произведена во ДПТУ ‘Гицов’“ ДООЕЛ од Кочани, извршен е вонреден инспекциски надзор во објектот, земени се мостри, по што објектот е забранет за работа“, информираат надлежните.

Спонзорирано: